Повеќе од 50 амандмани поднеле пратениците на предлог-законот за јавното обвинителство и законот за советот на обвинители, за кои денеска треба да се расправа на Комисијата за европски прашања.

Речиси половина од амандманите се доставени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, односно дваесетина, додека од владејачката СДСМ доставиле 16 амандмани. Од ДУИ поднеле 10 амандмани, а 3 се на Алијанса за Албанците.

Претседателот на комисијата, Артан Груби, најави дека ќе свика продолжение на седницата откако ќе се разгледаат амандманите на консултација меѓу пратеничките групи.

Претходно пратениците и од власта и од опозицијата едногласно го усвоија дневниот ред на седницата на која треба да се расправа за законите со кои се решава судбината на СЈО.

На последниот состанок, работната група за законот за обвинителство не успеа да ги надмине разликите за предметите на СЈО како и за мандатот на обвинителите.

Министерката за правда најави дека ако не успеат да обезбедат 80 гласа, ќе иницираат законски измени на други закони за кои е потребно просто мнозинство.