Полицијата за еден ден казнила 207 возачи во Чаир. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на општина Чаир изречени се вкупно 207 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 23 казни, 24 возачи се казнети за технички неисправни и нерегистрирани возила, за неносење заштитна маска 31.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот – соопшти МВР.