Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 332 санкции, од кои 122 само во општина Сарај. Меѓу казните, за пречекорување на дозволената брзина на движење направени се 109 прекршоци, 48 технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се 20 мотоциклисти, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.