Две лица од селото Порој, Тетовско биле затекнати од страна на полицијата со дрога, за време на полициски час.

Станува збор за 23 и 29-годишник, со иницијали И.Р. и А.А.

Како што соопшти МВР, тие биле приведени синоќа во 22.10 часот, а при преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.