Синоќа во 22 часот по претходна пријава дека угостителски објект лоциран на улица „Ѓорѓи Поп Христов” во Скопје работи по 18 часот, од страна на полициски службеници заедно со претставници од Државен пазарен инспекторат, извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на И.С.(53) од Скопје и констатирано е дека во локалот се наоѓаат 47 лица, на возраст од 17 до 75 години.

– Затекнатите лица како и сопственикот на објекот се лишени од слобода за понатамошна постапка. Од страна на Државен пазарен инстпекторат, локалот е затворен во времетраење од 30 дена. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија – соопшти полицијата.