Поради пожар што избувнал денеска на бугарската страна на самиот граничен премин, околу 16 часот, затворен за сообраќај е граничниот премин Ново Село-Златарево, соопшти МВР.

Оттаму ги советуваат граѓаните кои сакаат да патуваат во Република Бугарија, да ги користат останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека истиот ќе може да се користи повторно.