Во акција на пазарниот инпекторат пет објекти во Скопје се затворени – четири кафеани и една игротека.

Меѓу затворените е и еден бар со стриптизети во скопското село Крушопек. Барот бил полн, воопшто не се почитувале протоколи и работно време, а за време на контролата имало и неколку стриптизети кои ги забавувале гостите.

Во ТЦ „Мавровка“ бил затворе уште еден угоститетлски објект информираат надлежните а исто така казнета е и игротека каде се славело роденден со повеќе славеници.

– Тоа што синоќа го видовме на терен беше како воошто да нема пандемија – вели директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пануновски.

– Во центарот на Скопје ги затворивме локалите ‘Интермецо‘ и ‘Три кичен‘. Казната е забрана за работа од 10 до 30 дена, парична казна од 5.200 евра, како и прекршочна пријава. Знаеме дека на многу места не се почитуваат протоколи и ако сега не сме интервенирале, ќе дојдат на ред и тие. Ние сме тука, не одиме никаде и постојано сме и ќе бидеме на терен – изјави Пауновски.

Гостите кои биле во кафулињата за време на контролата не биле казнети.

Пазарниот инспекторат не може да изрекува казни на физички лица, туку само на правното лице и да го затвори објектот. Гостите може да ги казни само полицијата по основ непочитување на ковид протоколи.

Според протоколите за работа на угостителските објекти во услови на пандемија, забрането е да се прават забави, да има жива музика и да се пушта гласна музика.

Забрането е стоење на шанк и на високи маси , на маса може да седат само по 4 лица и треба да се одалечени на 1,5 метар.