Од МВР информираат дека вчера биле извршени повеќе контроли во угостителски објекти со цел да се утврди дали се почитуваат мерките против ширењето на коронавирусот, односно забраната за работа по 18 часот.

При контрола на угостителски објект во Дебар, во 19 часот и 20 минути, во него имало осум лица од кои и двајца малолетници, при што лицата се уапсени, а малолетниците во присуство на родител се повикани во станица за понатамошно постапување.

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во соработка со МВР, извршиле контроли и во угостителски објекти во Кичево. Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во градот не ги почитувал протоколите и е затоврен од страна на ДПИ.

Во контрола спроведена околу 21 часот во угостителски објект во населбата Свети Стефан во Охрид било констатирано дека објектот работел после 18 часот и во истиот биле затекнати пет лица, при што околу 22 часот, пред локалот бил приведен Д.Д. (38) од Охрид бидејќи го нарушил јавниот ред и мир.

Преземени се соодветни мерки за затворање на објектот, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.