Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Гостивар, вчера околу 22 часот и 15 минути го уапсиле 45-годишниот Ш.Ш. од Чегране, поради тоа што неговиот угостителски објект во ова гостиварско село бил отворен по 18 часот и во него престојувале гости.

Тој е задржан во полициската станица во Гостивар, а објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Исто така вчера, (27 декември) во 19 часот и 45 минути, полициски службеници од гостиварската полиција го уапсиле Д.З. (65) од Гостивар, затоа што во неговиот угостителски објект (чајџилница) на улицата „Павле Аврамовски“, се наоѓале неколку лица и конзумирале пијалаци.

Д.З. е задржан во полициската станица во Гостивар и против него ќе следува поднесок, додека објектот e времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.