Двајца затвореници во затвореното одделение во затворот „Идризово“ изутрина подметнале пожар кој веднаш бил изгасен од затворската полиција.

Од МВР информираат дека околу 5 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа „Идризово“ – Скопје, во објект настанал пожар на таванот.

Пожарот бил изгаснат од затворската полиција и екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Увид се врши.