Во утринските часови на 2 декември од Затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари во полиција било пријавeнo дека во затворот починал 41-годишниот Б. М., осуденик од Ресен.

Лекар од Службата за итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.