Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Затвореник бил повреден при тепачка во Казнено-поправната установа Идризово. Како што информира полицијата, вчера во 20.05 часот во СВР Скопје од Казнено-поправната установа било пријавено дека затвореникот Б.Р.(42) од селото Студеничани се здобил со повреда од остар предмет и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Според пријавеното, тој се здобил со повреда околу 18:30 часот во една од ќелииите, откако претходно имал расправија со затвореникот С.Б.(35) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.