Затвореник (54) од „Идризово“ вчера починал на скопските клиники од инфаркт. На него му се слошило додека бил во затворот, по што веднаш бил однесен во болница, каде што била констатирана смрт, објавуваат повеќе македонски медиуми.

Според неофицијални информации, затвореникот досега не се жалел на болки и не барал лекарска помош, а тој имал преглед во септември минатата година.

Стануав збор за затвореникот што бил осуден на 20 години затвор за убиство, при што казната му била намалена на 13-години затвор, на повторено судење.