На затвореник во патика му нашле 40 паковки со прашкаста материја, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

-На 18.10.2018 година во 19,35 часот во КПУ “Идризово“ при извршен претрес на Е.Љ.(27) од Скопје, лице кое издржувало затворска казна, во патика му биле пронајдени 40 паковки со прашкаста материја и истите биле одземени- информираат од МВР во денешниот дневен билтен.

Се работи на целосно расчистување на случајот.