Во попладневните часови на 9 мај, 33-годишен затвореник од Велес пријавил дека на 27 април годинава, околу полноќ, во ќелија на затворот „Идризово“, била извршена обљуба врз него од страна на затвореникот Р.Е. (36) од Битола.

Според пријавата, битолчанецот го извршил делото со помош на Д.П. (27) од Скопје, а тројцата затвореници биле сместени во истата ќелија.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.