Затвореник завршил со повреди нанесени со остар предмет за време на инцидент во затворот Идризово.

– Џ.Б.(20) од селото Теарце, Тетовско, осуденик во установата, пријавил дека околу 14.50 часот во кругот на КПУ Идризово, друг осуденик Е.А. физички го нападнал и му нанел повреди со остар предмет. Според пријавеното, на Е.А. му помогнал А.И. – информираат од полицијата во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.