Денеска во 11.06 часот во ПС Прилеп било пријавено дека во атар на с. Витолиште, прилепско, Ѓ.Х.(25) од Прилеп бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од група која била на лов. Околу 14.55 часот од екипа на Итната медицинска помош било констатирано дека Ѓ.Х. им подлегнал на повредите. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Ка.М.