Во скопската полиција вчера околу 16 часот било пријавено дека во авто-перална на подрачјето на Драчево, сопственост на Ј.Т. (36), бил забележан заскитан куршум.

Полицајци од станицата во Драчево излегле на местото на настанот при што го пронашле куршумот кој го оштетил покривот на сервисот.

Повредени лица нема, a од екипа од СВР Скопје проектилот е подигнат за понатамошна постапка.