Фото: Принт-скрин

Четиринаесет дрвја денеска симболично беа засадени на плоштадот „Илирија“ во Тетово, во знак на почит кон загинатите во пожарот кој избувна во тетовскиот ковид-центар во средата.

Тетовци одржаа и марш до модуларната болница каде што положија цвеќе, а за време на прошетката беа истакнати транспаренти со натписите „жив сум, протестирам“ и „човечкиот живот има вредност“.

Меѓу организаторите на протестот беа и навивачите на актуелниот фудбалски првак Шкендија.