фото: Илустрација

Денеска околу 17 часот полициски службеници одзеле автобус, соопственост на фирма од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул.

Автобусот бил затекнат на наплатната станица Миладиновци, а управуван од З.М. (56). Полицијата го одзела возилото поради основано сомнение дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија. Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување, велат од МВР.

Во тек е документирање на случајот, за кој следуваат соодветни поднесоци.