Злато вредно девет милиони денари е запленето денеска на граничниот премин Деве Баир при царинска контрола на автобус пријавен за влез во Македонија од Турција.

– Околу 6 часот часот на ГП Деве Баир, за влез во државата се пријавил автобус марка мерцедес управуван од лицето Т. Д. од Република Турција. При вршење на детална контрола од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи, над задните тркала од подвозјето, во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, биле пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит, со вкупна тежина од 2.773 грама, при што вкупната вредност на стоката и автобусот изнесува околу 9.000.000 денари или 146.341 евра – соопшти Царинската управа.

Возачот е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка.