Полицијата од Скопје и Битола заплени 55 илјади парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот против двете лица кај кои се пронајдени пиротехничките средства ќе бидат поднесени кривични пријави за „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека кај Р.Е.(29) од Скопје и А.М.(36) од Битола пронајдени се над 52 илјади парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3,000 распрскувачки материи, динамит и друго.

Од МВР велат дека ќе продолжат со мерките и активностите со цел санкционирање на вакви кривични дела.