Запленети се околу 200 килограми марихуана и приведени се повеќе лица во голема полициска акција во Скопје, објави МИА повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи.

Акцијата уште е во тек, а се очекува МВР утре да соопшти дополнителни детали.