Полицијата пронашла голема количина пиротехнички средства во дом и други простории на жител на Кичево. Сопственикот е приведен.

Полициски службеници од ОВР Кичево, вчера, по претходно добиени оперативни сознанија, извршиле контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево.

При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства, по што е извршен и претрес, по добиена наредба од Основен суд Кичево, во домот и во други простории на Е.Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства.

Вкупно се запленети 36.576 пиротехнички средства, а Е.Е. е приведен и протов него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.