Амфетамин е пронајден во автомобил во скопски Карпош, а полицијата приведе две лица.

Според информациите на МВР, полицијата, денеска, на улицата Никола Тесла во Скопје, во возило „даеву“, со скопски регистарски таблички, управувано од Д. А. (37), а сопатник бил С. Н. (40), пронајдени се амфетамин и дигитална вага.

Двајцата се приведени, а потоа е извршен претрес во домот на Д. А., каде што се пронајдени амфетамин, марихуана и вага.

МВР најави дека утре ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.