Запленетиот увозен путер со изминат рок, во количина од скоро 4,5 тони, е уништен на депонијата Дрисла, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Производот беше повлечен бидејќи е утврдено оти рокот на декларацијата (13.2.2021 година), не соодвествува со увозната документација за производот, според која, рокот на употреба бил до 2019 година.

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски, побара целосна истрага и одговорност за запленетиот путер со поминат рок.