Врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица денеска извршиле претрес во домот на лицето О. И. (20) од струмичкото село Свидовица, при што пронашле марихуана и гранки од растението канабис.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, СВР Струмица до надлежното Јавно обвинителство ќe поднесе соодветна кривична пријава.