Скопјанец пријавил во полиција дека залутан куршум завршил во неговиот базен во Драчево.

Според информациите на МВР, вчера во 15,45 часот М.А.(45) од Скопје пријавил дека на место викано Геран, атар на село Драчево во двор од викенд куќа, во базен, паднало залутано зрно.

Нема повредени лица. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.