Двете деца на возраст од четири и седум години, кои вчера во 23 часот со возило на брза помош и во придружба на полиција беа однесени на Клиниката за детски болести Скопје откако претходно биле заклучени во возило, денеска се испишани од болницата во добра здравствена состојба и се сместени во згрижувачко семејство.

По завршувањето на истрагата на МВР и Јавното обвинителство, од Центарот за Социјални грижи ќе се одлучи дали ќе им биде одземено родителското право на родителите.

Во моментот на прием, на преглед децата оддавале впечаток на запуштени деца (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани, свесни со уредни витални параметри. соопштуваат од Детска Клиника.

Како што јави МВР, по преземени мерки од полициските службеници пронајдени се родителите на децата, Т.Т.(44) и М.Н.(35) и работат на откривање зошто таткото ги оставил децата заклучени во кола во Ново Лисиче. Децата ги спасиле случајни минувачи кои ги скршиле прозорците и повикале полиција и брза помош.