Кумановец преку СМС порака му се заканувал на градоначалникот на Куманово М.Д и неговиот син.

Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Д.С.(34) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, казниво по член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

-На 22 септември 2018 година, пријавениот во два наврати испратил СМС пораки на градоначалникот на Куманово М.Д. во кои упатил закани кон него и неговиот син. По преземени мерки, Д.С. е лишен од слобода и му биле одземени мобилен телефон, безбол палка, четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога марихуана и една сим картичка-информираат од МВР.

Исто така, по преземени мерки, било утврдено дека Д.С. е сторител на уште две кривични дела „оштетување туѓи предмети“, казниви по член 243 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 24 септември 2018 година, прјавениот скршил излог стакла на два штаба на политичката партија СДСМ, лоцирани на улица Илинденска и улица „Тоде Мендол“.