Премиерот Зоран Заев го повика Јавното обвинителство по допрен глас да истражи кој го местел него и останатите обвинети во случајот „Пуч“.

– Ако немало допрен глас досега, нека допре мојот глас до нив. Во тоа време, наместо Јавното обвинителство да го истражи ваквото незаконско прислушување, кршење на човековите права, тоа Јавно обвинителство се стави во функција на политиката, која во тоа време ја водеше извршната власт под раководство на Никола Груевски, го формираше „Пуч“, за да можат мене, господинот Верушевски, мојата сопруга, господинот Бранко Палифров и двајцата други луѓе Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, а веројатно трагаа по планината и по децата на семејството Верушевски конструирајќи монструозност – рече Заев.
– Некој тоа треба да го истражи во Јавното обвинителство, зашто некој така постапувал во „Пуч“. Верувам дека ќе се зафати некој обвинител да влезе и да истражи вакви случаи, тоа е добро за кариерата на секој обвинител ако обезбеди докази, ние сме живи и здрави да потврдиме – рече премиерот по сведочењето за случајот со масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.

Специјалното јавно обвинителство го повлече обвинението за случајот „Пуч“, бидејќи го отвори предметот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување.