Четириесет и седумгодишен жител на селото Тодоровци кај Македонска Каменица загинал откако се превртел тракторот што го управувал.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил вчера на местото викано Памарска Маала во Македонска Каменица.

По инцидентот бил извршен увид од увидна екипа од полициската станица во Македонска Каменица.