Шеесетгодишниот М.С. од Скопје загинал вчера село Ковач, кај Македонски Брод, откако изгубил контрола над тракторот што го управувал движејќи се по шумски пат.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 13 часот, а се случил во атарот на с.Ковач-Македонски Брод.

– М.С.(60) од Скопје движејќи се со трактор по шумски земјен пат, изгубил контрола над тракторот којшто се превртел, а од здобиените повреди починал на самото место – наведуваат од МВР. 

Од страна на лекар од Здравствениот дом во Македонски Брод констатирана била смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.