Педесет и четиригодишен маж од Кичево загина откако ноќеска по полноќ со автомобил „бмв“ излетал од патот Гостивар-Кичево, во близина на Новоселски мост. Во несреќата повредени се и двајца сопатници.

Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатниците Н.С. (52) и Ќ.А. (52), исто така од Кичево се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на М.С. е предадено за обдукција.