Фото: Илустрација

Во тетовската полиција во попладневните часови на 27 април била пријавена тешка сообраќајка кај кружниот тек од булеварот „Маршал Тито“, во која учествувале автомобили „мерцедес“ и „голф“ со тетовски регистерски ознаки, при што на повредите им подлегнала жена сопатник во едно од возилата.

Како што информираат од МВР, „мерцедесот“ бил управуван од 57-годишен тетовец, а негов сопатник била 52-годишна жена. „Голфот“, пак, бил управуван од 55-годишен жител на село Слатино, а сопатник била 56-годишна жена.

По судирот, со возило на брза помош повредените лица биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им итно им била укажана лекарска помош на повредените од „мерцедесот“. Кај возачот биле констатирани тешки повреди по што тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека сопатничката им подлегнала на повредите.

Кај возачот и сопатничката од „голфот“ од страна на лекар констатирани биле полесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово. По наредба на Јавниот обвинител телото на починатата е дадено за обдукција.