Новиот градски фудбалски стадион кој се гради кај „Тумбе Кафе“ во Битола ја зеде првата жртва.

Денеска почина еден градежен работник кој работеше на скелето за изградба на една од трибините.

Работникот од засега неутврдени причини попладнево паднал од скелето. Тој беше пренесен во Клиничката болница во Битола каде беше итно примен во Службата за неврохирургија.

Иако лекарите дадоа максимум да го спасат работникот, сепак тој вечерва според информации на „Нова Македонија“ почина.

Немилот настан го потврдија од страна на СВР Битола. Се работи за лицето Д.Д. на возраст од 58 години, од битолското село Црнобуки.

Од страна на битолската полиција добивме информација дека веднаш по немилиот настан екипа на СВР Битола заедно со трудов инспектор излегле на местото на настанот и извршиле увид за починатиот градежен работник, по барање на јавното обвинтелство ќе се изврши обдукција на мртвото тело на градежниот работник.

 

 

М.М.