Загина 66-годишен градежен работник од Штип, кој работел на објект во Свети Николе.

– При изведување градежни работи во објект на фирма од Штип, Д.С.(66) од Штип се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, каде подлегнал на повредите – велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Jавен обвинител, трудови инспектори и увидна екипа на ОВР Свети Николе.