Градежниот работник М.А.(33) од тетовското село Челопек, загинал вчера на објект во изградба на улица „Лондонска“ во Скопје, што го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала Речица, информира МВР.

Како што соопшти МВР, вчера во 15 часот било пријавено во СВР Скопје, дека додека М.А. се обидувал да натовари железна арматура на кран, арматурата се откачила и од висина од околу два метра паднала врз него.