На локалниот пат од село Крушеани до село Обршани во Прилепско, во попладневните часови на 28 април, во сообраќајна несреќа загина 59-годишен возач.

Како што информираат од МВР, 59-годишниот жител на селото Подвис, управувајќи го својот автомобил „пежо 306“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

По незгодата, возачот со возило за брза помош бил пренесен во болница во Прилеп, каде им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршила екипа од прилепската полиција.