Двајца мотоциклисти на возраст од 22 и 35 години загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Велес – Гевгелија.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 13 и 20 часот на коловозната лента во правец од клучка „Смоквица“ кон клучка „Гевгелија“ меѓу мотоцикл „сузуки 600“ без регистарски ознаки управуван од А. Ѓ. (35) од село Робово-Струмица и мотоцикл „сузуки 600 ГН-Р“ со струмички регистарски ознаки , управуван од Ј.Ј. (22) од село Добрејци-Струмица.

А.Ѓ со неговиот мотоцикл слетал надвор од коловозната лента на десната страна, а другиот моторцикл управуван од Ј.Ј. слетал на крајната лева сообраќајна лента. Од страна на доктор од Итна медицинска помош излезено е на местото на несреќата и констатирана е смрт кај двајцата возачи.