Предвидено е странките да започнат со давање на завршните зборови на денешното рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, во Основниот кривичен суд во Скопје.

Судијата Огнен Ставрев го води случајот „Монструм“, а Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се застапници на обвинението.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута, за петкратното убиство од 2012 година кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, СЈО го презеде случајот „Монструм“ и предметот беше вратен на повторно судење.