Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, добил решение од обвинителката Вилма Русковска дека за него е завршена истрагата за случајот со Меѓународниот сојуз.

Тој денеска беше на распит во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а беше спроведен од истражниот затвор „Скопје“, каде што е во притвор од 15 јули. Јовановски претходно даваше исказ повеќе од осум часа и во петокот.

Според неговиот адвокат Сашо Дуковски, исказот на Јовановски бил долг и јтој ја кажал целата вистина поткрепена со факти и докази.

Во овој случај осомничени се и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ Фросина Ременски, потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ и асистентката во сојузот Христина Блажевска. Судот на Мандиќ ѝ определи мерка домашен притвор, додека на останатите осомничени им е определена мерка времено одземање на патната исправа.

Се очекува обвинението во случајот да биде поднесено на почетокот од јануари в година, односно по новогодишните празници.