Синоќа констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти МВР.

Во текот на изминатото деноноќие, пак, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Полицискиот час ќе трае до утре, по што дополнително ќе се одлучува за воведување на нови мерки.