И за време на полициски час, жртвите на родово базирано или семејно насилство ќе можат да пријават на 192, СОС линиите, во Центрите за социјална работа или најблиската полициска станица, порача Министерството за труд и социјална политика.

Министерството известува дека жртвите на семејно насилство кои имаат потреба од помош, поддршка и заштита од семејно насилство најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077 141 700 која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство или да побара помош на мобилната апликација BE SAFE.

Апликацијата за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски. Преку оваа апликација на семејно насилство и родово базирано насилство брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога сакаат да имаат потреба од поддршка.

Преку следните линкови може да ја спуштите апликацијата на секој паметен телефон.

Хуавеј: https://appgallery.cloud.huawei.com/ag/n/app/C103316455locale=en_US&source=appshare&subsource=C103316455

Андроид: https://play.google.com/store/apps/details?id=budi.sigurna.mk&hl=en_US

Apple: https://apps.apple.com/us/app/%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B8-%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0/id1536775532#?platform=iphone

Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка. Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица.

Владата донесе одлука за забрана за движење на населението, во временски период од 22.00 часот до 5.00 часот наредниот ден, почнувајќи од вечерва, па се до 22 март 2021 година (понеделник).