Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишниот А.М. од скопското село Љуботен, поради сомнение за сторено кривично дело неовластено држење оружје.

Како што информираат од МВР, на 8. февруари годинава околу 1 часот и 20 минути по полноќ, била извршена контрола во гостилница во гостиварското село Неготино.

Таму бил затекнат и А.М. а при извршен преглед над него, бил пронајден и одземен нелегален пиштол „застава“ М57, калибар 7,62 мм, со рамка во внатрешноста во која имало девет куршуми.