Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 27-годишен жител на селото Љубодраг поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Како што информираат од МВР, на 19 мај годинава на социјалната мрежа „Фејсбук“, од неговиот профил, пријавениот и се заканил на девојка од Куманово дека ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина доколку не му даде 3.000 евра.