Жител на неготинското село Тремник се самоубил испивајќи отровна материја.
Како што соопшти полицијата, вчера во Полициската станица Неготино било пријавено дека во Медицинскиот центар во Кавадарци бил донесен починат З.С. (46) од село Тремник–неготинско, кој околу 17:30 часот во семејната куќа во селото испил одредена количина на отров.

Од страна на неговиот татко бил однесен во Итната медицинска помош во Неготино, но поради сериозноста на неговата здравствена состојба веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Кавадарци каде од страна на лекар била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.