Жител на струшкото село Делогожда за време на полициски час запалил два автомобила.

Според информациите на охридската полиција, Д. Ж. (48) на 25 април во селото за време на полициски час со палење хартија предизвикал целосно опожарување на два автомобила.

Против него е поднесена пријава за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија и предизвикување општа опасност.