Полициски службеници, врз основа на судска наредба, на 10 април извршиле претрес во домот на Г.А.(55) од село Стојаково, Општина Богданци, и кај него биле пронајдени марихуана, семки од марихуана и катран.

Пронајдениот материјал бил одземен, а лицето било лишено од слобода и приведено во Полициската станица во Богданци.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во полицискиот билтен на МВР Струмица.