Фото: Илустрација

Д.Г. (52) од село Логоварди, Битолско, утрово го загубил животот откако во неговата куќа избувнал пожар.

Како што соошти МВР, од пожарот што избувнал во 05:40 часот целосно изгорела и куќата.

Пожарот е изгаснат од екипи на Противпожарната единица, а увид се врши денеска.